сабота, 23 мај 2026

Мртва мечка најдена крај Радика во Маврово, полицијата се сомнева дека била застрелана

Угината мечка со, како што се сомнева, прострелна рана од огнено оружје е пронајдена во Националниот парк Маврово, а за случајот се води истрага.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, денеска во 16:25 часот во Полициското одделение Маврово, од Јавната установа Национален парк Маврово било пријавено дека на регионалниот пат Маврово–Дебар, на местото викано „Криви мост“, покрај коритото на река Радика, била забележана угината мечка.

По пријавата, полициски службеници излегле на местото и при увидот констатирале дека животното имало влезна рана, најверојатно предизвикана од огнено оружје.

По насоки на јавен обвинител, телото на мечката ќе биде соодветно погребано од вработените во Националниот парк Маврово, додека по изготвувањето на официјалниот записник за констатираната состојба тој ќе биде доставен до полицијата за понатамошно постапување.

За случајот биле известени и инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и Државниот инспекторат за ловство.

Засега нема информации кој пукал во животното ниту под какви околности дошло до неговото угинување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ