На седницата биле усвоени повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата била отворена дополнителна дискусија со цел изнаоѓање поширок консензус меѓу политичките партии и останатите учесници во процесот.

Работната група заклучила дека наредната седница ќе продолжи со разгледување на останатите отворени прашања, како и со анализирање на доставените предлози од парламентарните политичките партии, независните пратеници, надлежните институции и граѓанскиот сектор.
„Упатен е повик до сите учесници, да ги достават своите конкретни предлози и забелешки во утврдениот рок, со цел навремена подготовка на усогласен текст на измените на Изборниот законик. Работната група продолжува со работа во насока на унапредување на изборната регулатива и зајакнување на демократските изборни стандарди и наскоро ќе има законско решение“, посочуваат од Министерството за правда.






