четврток, 21 мај 2026

ЕУ пред историски договор за враќање на нелегалните мигранти

Преговарачите на земјите-членки и Европскиот парламент денес се доближија до договор за регулативата за враќање на нелегални мигранти, што би овозможило мигрантите да бидат испратени во прифатни центри надвор од Европската Унија. Сè што останува е да се договорат за временска рамка за спроведување на таа регулатива.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По денешните преговори, преговарачите на двете законодавни институции на ЕУ ќе се состанат повторно на 1 јуни и ќе се обидат да го решат преостанатото отворено прашање, според дипломатски извори.

„Регулативата ќе им даде на земјите-членки алатки за да овозможат почитување на едноставниот принцип: никој не треба да остане во Европа по нелегално влегување или престој на европска територија“, кажа францускиот пратеник Франсоа-Ксавиер Белами.

Прифатните центри надвор од територијата на ЕУ се наменети за сместување на одбиените баратели на азил кои не можат да се вратат во своите земји на потекло. Мигрантите кои добиле одлука за враќање понекогаш не можат да бидат депортирани во своите матични земји затоа што земјата на потекло одбива да ги прими назад или затоа што земјата домаќин нема дипломатски односи со таа земја.

Таа регулатива треба да го олесни депортирањето на одбиените баратели на азил. Моментално, само 20 до 25 проценти од странците кои добиваат налог за депортација од ЕУ всушност се придржуваат на наредбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ