Вчера во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Д.(33) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот по расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга.
Во 11:00 часот вчера во СВР Скопје, 38-годишен маж од Скопје пријавил дека на 18.05.2026 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево му биле упатувани закани од неговата 33-годишна сопруга.
Вчера во 11:30 часот во Центарот за социјални работи во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.Д.(73) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 66-годишна сопруга дека во семејниот дом ѝ се заканувал со остар предмет.
Синоќа во 22:15 часот во ОВР Гостивар, 36-годишна жена од гостиварско пријавила дека околу 19:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, нејзината свекрва се обидела да ја нападне со тврд предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.






