Седлоски истакна дека ни претстојат натпревари со две силни селекции, има објективни проблеми поради откажувања поради повреди на крајот на сезоната. Затоа, се повикани и фудалери од македонското првенство, со цел да се потврди потенцијалот и квалитетот на новите имиња пред предизвиците во Лигата на нациите.
„Од секој фудбалер зависи дали ќе биде со нас тука. На сите им посакувам здравје, да играат стандардно и да го заслужат повикот да бидат репрезентативци на Македонија“, изјави Седлоски.
Тој нагласи дека сите повикани играчи ќе добијат шанса, а особено се осврна на дебитантите:
„На нив е да се докажат. Новите играчи играат стандардно во клубовите. Од нив зависи како ќе се вклопат во нашиот систем со фудбалерите кои подолг период се во репрезентацијата“, дополни селекторот. Сите играчи кои се повикани тука ќе добијат шанса, на нив е да се докажат. Со селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез се договоривме да направиме повеќе замени, да можеме да направиме и 11 измени во второто полувреме“.
Македонските репрезентативци на 29 мај ќе гостуваат во Сараево против Босна и Херцеговина на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, додека на 1 јуни ќе играат во Истанбул против Турција на „Шукру Сараџоглу“ со почеток од 19:30 часот.






