четврток, 21 мај 2026

Жена од скопско лишена од слобода пред затвор Идризово, пронајдена дрога во пакет

Полициски службеници вчера во 15:30 часот, пред Казнено-поправната установа Затвор Идризово, ја лишиле од слобода В.А. (25) од скопско.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат надлежните, при контрола на пакет кој таа го донела за осудено лице, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

Лицето е задржано од страна на полицијата, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ