Лекарите нагласуваат дека квалитетниот сон е клучен за закрепнување, меморија и концентрација, бидејќи токму во текот на ноќта мозокот се „обновува“ и ги организира информациите собрани во текот на денот.
“Ноќта е време кога мозокот извршува голем дел од своето закрепнување”, објаснува доктор Јасдип С. Хундал.
Невролозите предупредуваат дека редовната консумација на алкохол може негативно да влијае на мозокот и неговите функции.
„Алкохолот негативно влијае на мозокот“, изјави д-р Фавад Миџан, невролог и основач на регенеративната клиника Асценд.
Тој објасни дека алкохолот има токсичен ефект врз мозочните клетки и ги нарушува процесите важни за здравјето на невроните.
Д-р Џесика Цверлинг додава дека долготрајното и често пиење може да влијае на деловите од мозокот одговорни за меморија, рамнотежа, планирање и донесување одлуки.
Лекарите посебно предупредуваат за вечерното пиење алкохол затоа што тоа го нарушува квалитетот на сонот. Иако многумина мислат дека чаша вино или коктел им помага да заспијат, ефектот е краткотраен.
„Алкохолот делува како седатив во првата половина од ноќта“, вели д-р Пол Е. Бендхајм.
„Во втората половина од ноќта се јавува немирен сон, почести будења и непријатни соништа“, додава тој. Д-р Хундал истакнува дека поради ова, мозокот не поминува низ фазите на длабок сон што му се потребни за правилно закрепнување и обработка на информации.
Затоа невролозите препорачуваат навики кои го поддржуваат квалитетниот сон и здравјето на мозокот. Тие советуваат да се оди на спиење во исто време секоја вечер, да правите лесна прошетка по вечерата и помалку да го користите телефонот пред спиење.
„Користењето телефон доцна навечер го стимулира мозокот и го отежнува заспивањето“, предупредува д-р Мијан.
Тие додаваат и дека во последните години сè повеќе се поставува прашањето дали умерената консумација на алкохол е целосно безбедно за здравјето на мозокот.






