Според достапните информации, потресот бил регистриран во 17:41 часот, со јачина од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри, со епицентар на 21 километар источно од Скопје, односно 15 километри источно од Кисела Вода.
Потресот го почувствуваа граѓани во повеќе делови од главниот град, а засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.
Скопското подрачје е сеизмички активно, а и послаби потреси често се чувствуваат меѓу населението, особено кога се на помала длабочина.






