среда, 20 мај 2026

Македонски концепт: Партиски протести на левичарската ДУИ по нарачка на Белград

Македонски концепт најостро ги осудува партиските протести во Скопје, кои не беа студентски и граѓански, туку организирани и предводени од страна на левичарската ДУИ, партија на марксисти – ленинисти, која по нарачка на Белград, за нивни потреби, отвара или затвора етнички прашања и тензии во Македонија и регионот.

Објавено на

часот

Сподели

„Овие настани беа чин на примитивен шовинизам, кој има за цел да го наруши соживотот и мирот во нашата држава. Начинот на кој се одвиваше овој собир претставува директна навреда за секој чесен граѓанин на Република Македонија. Желбата ДУИ да се врати на власт ја гледаме низ присилна манипулација со млади луѓе.

Скандалозно и недозволиво е што на целиот протест немаше ниту едно државно обележје на Република Македонија, што е директно кршење на законите на оваа држава. Уште попоразително е што во екот на ова дивеење беа сквернавени споменици на македонските револуционери, луѓето кои ги положија своите животи за слободата и независноста на нашата татковина.

Категорично го осудуваме насилството како политичка алатка. Повикуваме на итна и сериозна реакција од страна на надлежните институции и сите учесници и организатори кои ги прекршија законите и ги осквернавија нашите споменици мора да бидат соодветно санкционирани.

Политиката на поделби, тензии и насилство, промовирана од ДУИ, нема иднина во Македонија. Време е државата да покаже дека владеењето на правото важи за сите подеднакво“, соопшти Македонски концепт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ