Научниците откриле дека бебињата во утробата на мајката можат да препознаваат вкусови од храната што ја јаде мајката, ова рано изложување подоцна влијае на нивните навики во исхраната. Децата кои биле изложени на вкусови како моркови или кељ за време на бременоста, подоцна покажале помала одбивност кон овие зеленчуци.
Истражувањето ги следело реакциите на децата до третата година од животот, резултатите покажале дека малите деца полесно ја прифаќале храната со која се „сретнале“ уште пред раѓањето.
Експертите наведуваат дека вкусот и мирисот кај фетусот се развиваат во подоцнежните фази од бременоста, кога супстанциите од исхраната на мајката стигнуваат до бебето преку плодовата течност.
Откритието дополнително потврдува колку здравата и разновидна исхрана за време на бременоста може да има долгорочно влијание врз развојот и навиките на детето.






