На отворањето на настанот пред публиката се обратија директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорот на турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб, Фуат Коркмаз, како и директорот на „Едисон“, Иван Гојмерац.

Во своите обраќања тие ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка, културното поврзување и универзалните пораки што ги носи филмот „Медена земја“ – припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два начини на искористување на природните ресурси.

Филмот „Медена земја“, кој испиша историја во македонската кинематографија со двете номинации за наградата „Оскар“, предизвика голем интерес кај публиката во Карловац, а присутните имаа можност да проследат едно од најзначајните документарни остварувања од регионот.






