НП Маврово е партнер во проектот „Секој чекор е важен“ – Користење на екотуризмот за одржливо финансирање на прекуграничната заштита на животната средина и намалување на предизвиците од климатските промени. Според директорот на НП „Маврово“, Харис Ибраими, носител на проектот е Националниот парк Шари од Косово, додека партнери се Националниот парк Маврово, Националниот парк Шар Планина и Општина Теарце. Вкупниот буџет на проектот изнесува 573.315 евра.
„Националниот парк Маврово континуирано се залага за развој и унапредување и зачувување на животната. Веруваме дека заедно со нашите партнери ќе оствариме успешна реализација на активностите и дополнително ќе ја продлабочиме прекуграничната соработка“, рече Ибраими.
Во рамките на овој проект, за НП Маврово се предвидени неколку клучни активности: изработка на нова, современа веб-платформа и мобилна апликација кои ќе имаат за цел да ја доближат понудата на паркот до посетителите преку модерни дигитални решенија.
За време на настанот, директорот одржа неколку значајни средби на кои се разговараше за важноста на овие проекти и проширување на соработката.






