петок, 22 мај 2026

Јанез Јанша по четврти пат стана премиер на Словенија

Словенечкиот парламент денес на тајно гласање го избра лидерот на Словенечката демократска партија (СДС) Јанез Јанша за нов премиер со 51 глас „за“ и 36 гласови против, објави новинската агенција СТА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јанша доби мандат за да ја формира својата четврта влада, која ќе биде 16-та словенечка влада. Во рок од 15 дена тој мора да предложи кандидати за министри на парламентот.

По изборот, Јанша, во согласност со уставот, се заколна пред пратениците дека ќе го почитува уставниот поредок, ќе дејствува според својата совест и ќе работи со сите сили за доброто на Словенија.

Во четвртокот претседателот на СДС потпиша коалициски договор со партиите НСи, СЛС и Фокус и со партијата Демократи, со кои соработува за формирање нова влада. Освен пратениците на спомнатите партии, и претставниците на Ресница го поддржаа новиот премиер. Ресница нема да се приклучи на владата на Јанша.

Овие партии заедно имаат 48 од 90 гласови во парламентот, па на Јанша му треба и поддршка од двајца пратеници на националните малцинства и уште еден претставник на опозицијата.

Јанша, меѓу другото, најави напори за завршување на процесот на демократизација и спроведување на програмата за состојба на можности, благосостојба и правда. Меѓу основните приоритети на коалицијата, тој ги вклучи развојот и благосостојбата на Словенија, борбата против корупцијата и организираниот криминал, децентрализацијата и дебирократизацијата.

Четвртата влада на Јанша, ако се именува министерски тим, ќе ја наследи владата на Роберт Голоб во заминување. Голоб, и покрај релативната победа на изборите во март, не успеа повторно да состави коалиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ