петок, 22 мај 2026

Студентите ги повикаа граѓаните на Србија утре да излезат на улиците на Белград

Студентското протестно движење ги повика граѓаните на Србија на утрешниот голем протестен митинг на плоштадот Славија во Белград, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, со што се бара одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Собирот ќе почне во текот на денот од 13:00 часот на четири локации во Белград, а протестот кај Славија е закажан од 18:00 до 20:00 часот, објавија студентите на социјалната мрежа Инстаграм.

Кампањата на студентското движење „Студентите победуваат“ од пред неколку недели ја следи контракампања на поддржувачите на владејачката Српска напредна партија и српскиот претседател Александар Вучиќ „Србија победува“, што често предизвикува тензии и повремени инциденти на улиците.

Студентското движење настана во бранот антивладини протести, поттикнати од смртта на 16 главно млади луѓе при уривањето на стреата на реновираната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, и повеќемесечната блокада на 60 факултети на сите четири државни универзитети – во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац.

На протестите се бара одговорност од власта за коруптивните афери во синџирот на политичка и професионална одговорност, од дизајнирањето и издавањето дозволи до извршувањето и надзорот на работите, што поголемиот дел од јавноста го гледа како една од причините за трагедијата во Нови Сад.

Беше побарано и воспоставување одговорно работење на државните институции и судството и распишување вонредни парламентарни избори, кои треба да придонесат за демократизација на земјата.

И покрај бројните апсења и обемните истраги, судскиот процес во врска со трагедијата во Нови Сад не напредуваше многу, а по апсењето на неколку поранешни министри и директори, обвиненијата сè уште не доведоа до судски процес и никој не е повикан на одговорност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ