петок, 22 мај 2026

МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло.

Објавено на

часот

Сподели

Со меморандумот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на јавната свест, зајакнување на превентивните механизми и подобрување на институционалниот третман на жртвите и нивните семејства.

„Ова претставува заедничка определба трагедиите да не се повторуваат, човечкиот живот да биде највисок приоритет, а институциите, заедно со граѓанскиот сектор, да создадат посилен и поефикасен систем на превенција, заштита и поддршка“, истакнал министерот Тошковски.

Во рамки на соработката предвидено е организирање на заеднички кампањи за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот, јакнење на превентивните механизми, поддршка на жртвите и нивните семејства, како и унапредување на довербата во институционалното постапување.

„Продолжуваме со имплементација и надградба на системот Safe City, но и со нови превентивни политики чија цел е навремено препознавање на ризиците и спасување човечки животи“, нагласил Тошковски.

Министерот потсетил дека сообраќајната несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница уште еднаш ја потврдува потребата од одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила.

„Министерството за внатрешни работи останува посветено на креирање современи и ефикасни политики за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот и заштита на човечкиот живот како највисока вредност“, се вели во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ