петок, 22 мај 2026

Легендарниот Иниеста почнува кариера како тренер

Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста ја започнува својата тренерска кариера и веќе го договори првиот ангажман.

Објавено на

часот

Сподели

Според последните информации, Иниеста постигнал договор со Гулф Јунајтед и ќе биде нов тренер на клубот од Дубаи.

Поранешниот ас на Барселона и шпанската репрезентација неодамна стави крај на богатата играчка кариера, а сега веднаш започнува ново поглавје покрај аут линијата.

Иниеста важи за еден од најдобрите играчи за врска во историјата на фудбалот, а со Барселона освои бројни трофеи, меѓу кои и четири титули во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Шпанија беше светски и двоен европски шампион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ