петок, 22 мај 2026

Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ ја поведува битката за книгата против дигиталните алгоритми

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, во Штип се одржа третото по ред стручно советување на тема „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“.

Објавено на

часот

Сподели

Овој значаен настан е плод на партнерството помеѓу Факултетот за образовни науки при универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, редакцијата „Детска радост“ на „Просветно дело“ и клучните здруженија на просветни работници од Скопје, Куманово и Штип. На настанот учетвуваа и наставници и професори од целиот регион.

Целиот овој серијал на советувања започна на иницијатива на уредничката во „Просветно дело“, Ксенија Маказлиева-Трајчева и фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, откако Националниот натпревар во раскажување книги се покажа како моќен магнет за децата. Како што истакна Маказлиева во својата изјава, за да раскажуваат, децата мора прво да читаат, па оттука сите теренски и научни активности природно се поврзаа со натпреварот како своевидно големо финале на овој процес.

Деканот на Факултетот за образовни науки, проф. д-р Трајче Стојанов, изрази големо задоволство што ФОН е домаќин на ова собирот, нагласувајќи ја итната потреба од едукација на децата за читање книги во време кога научните студии покажуваат огромни разлики во когнитивниот развој при читање од книга наспроти екран.

Во своето обраќање, Александар Марјановиќ од фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ ја дефинираше суштината на проблемот со кој се соочува современото општество — агресивната конкуренција на мобилните телефони и нивните алгоритми кои се борат за вниманието на децата.

„Нашата намера е да ја продолжиме идејата на професорот Ѓорѓи Марјановиќ – Македонија да стане пристојно место за живеење. Преку Академијата за идни лидери ги обликуваме младите по урнекот на Ѓорѓи, но сè почнува од книгата и писменоста. Денес, мобилните телефони влијаат врз детскиот мозок на начин кој предизвикува сериозна зависност, и затоа наша должност е да ги прошириме активностите и заедно со просветните работници да ја поттикнеме автентичната љубов кон читањето“, истакна Марјановиќ.

На советувањето со свои излагања учествуваа еминентни професори од ФОН (проф. д-р Трајче Стојанов, проф. д-р Даниела Коцева, м-р Елена Ташкова, Соња Манева, Иле Михајловски, м-р Јована Рилак, Валентина Мулоска и Ксенија Маказлиева Трајчева), кои ја истакнаа важноста на одговорното користење на вештачката интелигенција и улогата на книгата во емоционалниот и психолошкиот развој на новите генерации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ