Во првото полувреме немаше премногу возбудувања пред двата гола, а најсериозната можност ја имаше Олатунбосун, кој се закани кон голот на Струга, но мрежите мируваа по првите 45 минути.
Победничкиот момент се случи веднаш по паузата кога Армин Бесагиќ во 47. минута со удар со глава ја совлада Ангелети и донесе три бода за домашниот тим.
Со оваа победа Арсими го прескокна Тиквеш на табелата и сезоната ја заврши на петтото место со 46 бодови, додека Струга остана трета со 62 поени.






