Како што пренесува Ројтерс, регионалната иницијатива за посредување предводена од Пакистан има за цел да ги намали разликите меѓу Иран и САД по неколкунеделната војна, која го држи клучниот воден пат Ормуски теснец затворен за повеќето бродови и покрај кревкото примирје што ги наруши глобалните енергетски пазари.
Иранските државни медиуми објавија дека Мунир се сретнал и со претседателот Масуд Пезешкијан, во присуство на министерот за надворешни работи Абас Аракчи, со кого имал две средби пред да замине.
Разговорите, како што се наведува, се фокусирале на документот од 14 точки предложен од Иран, кој Техеран го смета за главна рамка за преговорите, како и на пораките разменети меѓу двете страни.
Калибаф порачал дека Иран ќе ги оствари своите „легитимни права“, и на бојното поле и преку дипломатија, но додаде дека не може да верува на „страна која воопшто нема искреност“, обвинување што Иран го упатил неколку пати претходно, според Ројтерс.
Тој кажал дека иранските вооружени сили ги обновиле своите капацитети за време на прекинот на огнот и дека доколку САД „глупаво повторно ја почнат војната“, последиците ќе бидат „посилни и погорчливи“ отколку на почетокот на конфликтот.
Американскиот државен секретар Марко Рубио во петокот изјави дека САД забележале одреден напредок кон договор, но дека е потребна повеќе работа, додека иранското Министерство за надворешни работи изјави дека разликите остануваат длабоки и значајни.
И покрај неколкунеделниот застој, Иран ги задржа залихите ураниум збогатен до нивоа близу до нуклеарно оружје, како и ракетни, беспилотни летала и сојузнички капацитети за кои САД и Израел велат дека сакаат да ги ограничат.






