сабота, 23 мај 2026

ВМФЛ: Брегалница е шампион, а Скопје и Шкендија Арачиново одат во прволигашки бараж

Заврши сезоната во Втората македонска фудбалска лига, Брегалница е шампион, а Скопје и Шкендија Арачиново ќе играат бараж.

Објавено на

часот

Сподели

Брегалница и официјално обезбеди враќање во елитното друштво откако во последното коло убедливо ја декласира Победа со 7-0. Штипјани со овој триумф го потврдија првото место на табелата, благодарение на подобриот меѓусебен учинок од Скопје, тим кој исто така славеше сигурна победа против Детонит Плачковица со 5-1.

Тимот од Арачиново ја завери третата позиција со триумф од 2-4 на гостувањето кај Каменица Саса, па така без значење остана убедливата победа на Охрид од 7-1 против Слога Виница.

Скопје и Шкендија Арачиново сега ќе имаат шанса преку баражите да стигнат до Првата лига.

Од Втората лига испаѓаат Вардар Неготино, Преспа, Слога Виница, Победа и Големо Коњари, кои следната сезона ќе се натпреваруваат во Третата лига, а бараж за опстанок ќе играат Кожуф, Тетекс и Саса

Резултати од последното коло:

Брегалница – Победа 7-0
Каменица Саса – Шкендија Арачиново 2-4
Скопје – Детонит Плачковица 5-1
Преспа – Беласица 0-2
Охрид – Слога Виница 7-1
Новаци – Осогово 3-3
Тетекс – Големо Коњари 6-0
Вардар Неготино – Кожуф 0-5

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ