„Денеска јавноста сведочеше едно пропагандно однесување на поранешни претседатели на државата. Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Рамковниот договор се најважните договори кои ја вратија во живот македонската интеграција, ги потврдија и зацврстија македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
Македонската држава живее и ќе живее и нема да умира на рати, а ако тоа некој го посакува му порачуваме да мисли пред да дејствува, пред сѐ заради нашот народ и заради иднината на сите наши деца. Граѓаните со својот глас и порано, и денес и во иднина прецизно го покажуваат патот по кој се развива Северна Македонија“, соопшти СДСМ.






