вторник, 19 мај 2026

Левица: Секое трето дете во земјата живее во сиромаштија, социјалните мерки недоволни

Партијата Левица оценува дека и покрај јавните пораки од властите за поттикнување на наталитетот и поддршка на повеќедетни семејства, државата не обезбедува доволна грижа за детскиот стандард.

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението, партијата посочува дека податоците се загрижувачки и укажуваат дека секое трето дете во земјата живее во сиромаштија. Најзагрозени, како што наведуваат, се децата од повеќедетни семејства, како и децата на самохрани родители и оние во социјален ризик.

Од Левица наведуваат дека постојните социјални мерки, како детскиот додаток, надоместоците за трето дете и стипендиите, не ги даваат очекуваните резултати. Причините за тоа, според партијата, се ниските износи кои со години не се зголемени, како и строгите критериуми за добивање, поради кои дел од децата од ранливи категории остануваат без поддршка.

Тие посочуваат дека со оглед на растот на цените на основните прехранбени производи, детскиот додаток од 1.800 до 3.000 денари не може реално да ги покрие основните потреби на децата.

Од партијата оценуваат и дека начинот на кој функционира системот создава дополнителен товар за семејствата, при што, како што велат, наместо поддршка често се соочуваат со сложени административни процедури и проверки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ