„Успеавме да ги донесеме овие измени кои ќе спречат поскапување на цената на електричната енергија за домаќинствата и со тоа да ги заштитиме семејните буџети од зголемување на цената на електричната енергија и покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Институциите предводени од СДСМ секогаш стојат на страната на граѓаните и работат за подобрување на животниот стандард.
За нас зборот е збор, ја вративме дневната евтина тарифа за струјата, а континуирано вложуваме во нови, еколошки и обновливи извори на електрична енергија со што ја штитиме животната средина. Четири години покажуваме како се работи одговорно, посветено и во интерес на граѓаните и тоа ќе продолжиме да го правиме во иднина“, соопшти СДСМ.






