недела, 17 мај 2026

Низа апсења за дрога, полицијата приведе осомничени во Скопје, Тетово и Прилеп

Како што соопшти МВР, кај осомничените биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. Меѓу приведените има и малолетник.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера вечер, на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот Е.А. од село Шемшово. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени 10 кесички со бела прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Утроро во еден часот по полноќ на 17 мај 2026 година во селото Долно Палчиште, полициски службеници од полициското одделение Камењане го лишиле од слобода 21-годишниот Л.Б.Т. од истото село. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Еден час подоцна, на улицата „Димо наредникот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 16-годишен прилепчанец, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 33-годишниот П.Р. од Скопје и 26-годишниот Д.Ф. од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела материја и марихуана.

По целосно документирање на сите случаи, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ