недела, 17 мај 2026

Колумбијка пронајдена во бесознание во Гостивар, измерени ѝ биле 2,4 промили алкохол

Вчера наутро од Ургентниот центар во Гостивар во ОВР Гостивар било пријавено дека кај нив била донесена С.Г.М.П., државјанка на Колумбија, која претходно била пронајдена во бессознание на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар. По укажаната лекарска помош било констатирано дека жената била под дејство на алкохол, при што ѝ биле измерени 2,4 промили алкохол во крвта.

Објавено на

часот

Сподели

Од полицијата информираат дека при преземање службени мерки таа агресивно се однесувала и ги омаловажувала полициските службеници, по што била приведена и задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

Дополнително било утврдено дека странската државјанка немала пријавен престој во државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ