„Во присуство на нивните семејства, градоначалникот на Ѓорче Петров, пратеникот Бојан Стојановски, претставници на синдикатите и колегите од специјалните единици на Бирото за јавна безбедност, се додава во соопшението, пред споменикот подигнат во нивна чест, беше оддадена почит и благодарност кон луѓето кои ја дадоа најголемата жртва за Македонија“, се вели во соопштението.

„Нивните имиња и нивните дела никогаш нема да бидат избришани од нашата полициска и институционална меморија. Тие остануваат траен симбол на храброст, чест и пожртвуваност. Нивниот живот положен за татковината е аманет за сите нас чесно, одговорно и посветено да ја чуваме безбедноста на граѓаните и интегритетот на државата“, истакнал Јанев.
Тој додал дека најтешко е за нивните семејства, болката по загубата никогаш не исчезнува, но тие мора да знаат дека не се сами.
„Полицијата и раководството секогаш ќе бидат покрај нив, затоа што тие се дел од нашето големо полициско семејство“, нагласил рече Јанев.

Во чест на загинатите припадници на ЕБР, директорот Јанев го отворивл и меморијалниот турнир на кој учествуваат 14 екипи од различни организациски единици на полицијата.
На отворањето Јанев посочил дека со спортски дух, со заедништво и фер-плеј продолжуваат да го чуваме споменот на луѓето кои не дозволија стравот да биде посилен од должноста.

„Некои дадоа многу. Тие дадоа сè. Полициската професија не е само работа, таа езаклетва. Заклетва дека ќе бидеме тивки чувари на мирот, спокојот и безбедноста на граѓаните и државата. Затоа сме обучувани, затоа ја носиме униформата и затоа сме подготвени да служиме чесно и достоинствено, дури и по цена на сопствениот живот“, изјавил Јанев.






