недела, 17 мај 2026

Раул ја однесе Србија на Светско, елиминација за Унгарија

Ракометната репрезентација на Србија со еден разлика загуби денеска во Унгарија, беше 30-31, но благодарение на триумфот од два разлика на домашен терен Србите се пласираа на Светското првенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Србија предводена од поранешениот тренер на Вардар, Раул Гонзалез повторно ќе игра на Светско првенство. Се пласираа на Мундијалот и тоа преку Унгарија која важеше за фаворит во овој двомеч.

Србите во Унгарија отпатуваа со предност од два разлика остварена во првиот меч и успеаа да ја сочуваат, загубија само со еден.

Двете екипи водеа голема војна од самиот старт, а Унгарија по првите 15 минути стигнаа до 10-8. Тренерот Раул Гонзалес реагираше и успеа да ги смири своите избраници и набрзо Србија направи пресврт (14-13). До крајот на полувремето се водеше жестока борба и на паузата заминаа со 17-17.

Унгарија во финишот направи предност од 29-26, но Србија намали со два гола по ред на 28-29. Вистинска драма се случуваше во последните минути, а нашиот северен сосед на крајот загуби само со еден погодок негатива (30-31).

Ова е враќање на Србија на Светското првенство, минатото го пропуштија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ