сабота, 23 мај 2026

МВР: Во Прилеп не се случиле незаконски и непрофесионални дејства на полицијата

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека се извршени потребните проверки по наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за планирано физичко малтретирање од страна на полициски службеници вработени во ОВР Прилеп.

„На денот на изборите, 17 октомври во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што исто така говори дека наведените дејствија, всушност не се случиле“, стои во соопштението и се упатува апел до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја во недела на вториот круг од локалните избори“.

На крајот се нагласува дека МВР е гарант за слободно изразување на волјата на гласачите и дека така ќе продолжи да биде и понатаму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ