
Како што стои во соопштението, Перински е магистер по менаџмент за човечки ресурси со менаџерско искуство во приватниот сектор, а имал искуство и како дел од раководниот тим на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Перински, исто така, имал работно искуство во повеќе успешни компании со подружници во 7 европски земји, управувал со застапништва на германска и на грчка компанија.






