„Во моментов се вршат последните подготовки за ставање во функција и на Канцеларија за комуникација со граѓаните која ќе биде отворена 24 часа за нивните потреби, а целиот процес ќе се одвива етапно во следните три недели“, посочуваат од прес-службата на Град Скопје.
Оттаму додаваат дека Град Скопје ќе се трансформира во град со целосно дигитализирана администрација, а јавните услуги, како што велат, ќе бидат брзи, ефикасни и транспарентни.






