Општина Центар сепак, на Амадеус Девелопмент им издава одобрение за градење дури на 28.7.2015 година, правосилно на 12.8.2015 година, чие барање за издавање е со задоцнета дата на поднесување. Согласно одобрението, Амадеус Девелопмент имале рок не подолг од 6 години за изградба на објектот, односно не подоцна од 12.8.2021. Со решение од 12.5.2020, градоначалникот Богдановиќ го прогласува одобрението за ништовно. Жалбата на Амадеус Девелопмент до второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски е одбиена како неоснована, затоа што биле должни да почнат со градба најдоцна до 12.8.2017, односно најмногу 2 години од правосилноста на одобрението. Согласно склучениот договор, доколку купувачот не исполни дел од обврските од истиот договор и не ги испочитува утврдените рокови, договорот од страна на продавачот се раскинува и земјиштето се враќа во негова сопственост, односно во сопственост на Општина Центар“, појаснуваат од општината.






