„Според извештајот на инспекторатот на Град Скопје затекнатите лица нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад“, се вели во соопштението на Град Скопје.
Од градската управа нагласуваат дека мора да постојат системски решенија и дека секој мора да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно.
„Град Скопје нема да толерира ниту едно физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа влијае на загадување на воздухот, почвата и водите, и свесно го загрозува здравјето и животот на скопјани, а секое прекршување ќе биде соодветно санкционирано“, се вели во соопштението.






