петок, 22 мај 2026

Студентка ризикува живот за на Тикток и се снима додека се прекачува преку ограда кај мечките во Зоолошката во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„ЗОО Скопје има свој правилник и кодекс на однесување, јасно пишува на 10 големи табли дека е казниво, доколку се прават работи кои може да им наштетат на животните, но и работи опасни по живот за луѓето. Девојката јавно на својот ТикТок го објавила видеото во кое се гледа како покрај тоа што ги малтретира животните, го ризикува и сопствениот живот. Недозволиво е вакво однесување, особено на студент по безбедност. Соодветна пријава ќе биде поднесена до полициска станица. Доволно е некогаш и 1 минута да нема некој во близина и да се случи вакво нешто. Сепак ЗОО Скопје е на голема површина од 13 хектари и не секогаш може ваквите поведенија на лице место да се санкционираат. Но, ете за среќа сами ги објавуваат. Апелираме до сите посетители да се придржуваат до кодексот на однесување – Забрането хранење, забрането вознемирување на животните и забрането прескокнување на оградите“, вели Мицковска за МКД.мк.

Мицковска додава дека во изминативе неколку години ваквите случаи се изолирани, бидејќи работат на едукативни кампањи, а во ЗОО Скопје доаѓаат и комунални редари и инспектори од Инспекторатот на град Скопје.

„Имаше пред некое време случај со еден дечко кој го вознемируваше лавот и објави на Тик Ток, но по нашата јавна објава, се извини и веќе нема да помисли на тоа. Беше и пријавен во полиција. Сепак од нашето досегашно искуство, најголемо влијание за да се спречат ваквите однесувања, се нашите јавни објави на истите. Во борбата со несовесните посетители, најмногу ни помагаат совесните кои веднаш пријавуваат доколку забележат нешто и секако медиумите кои ни се најголема поддршка во секој ваков случај “, додава Мицковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ