петок, 22 мај 2026

Прифатено е барањето на пожарникарите за нов колективен договор, соопшти Арсовска

Објавено на

часот

Сподели

Тие на средбата ги истакнаа нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на Градот, стои во објавата на Арсовска.

На средбата е договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите.

Со новиот колективен договор ќе се прошират правата на вработените во градската администрација каде се вклучени и пожарникарите, вели Арсовска.

Дополнително договорено е и да се исплати тоа што досега им беше ускратено, односно да се исплати надомест за работа во ден на неделен одмор и разликата од основата од онаа која досега исплаќана според членот 13 од Законот за пожарникарство.

„Овој горлив проблем кој претходниот градоначалник не успеа да го реши во својот мандат од четири години, го решаваме уште во првите 82 дена од мандатот“, соопшти Арсовска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ