Единаесетте предлози претходно беа изнесени на Граѓанскиот буџетски форум организиран од Зелен хуман град и испратени до градоначалничката и до Советот, доволно рано за да иницираат и влијаат на измени во конструирање на предлог Буџетот на главниот град. Предлозите се однесуваат на зајакнување на правата и безбедноста на пешаците и велосипедистите, а се во склоп со енергетската независност, справување со аерозагадувањето, трансформацијата на градски објекти и простори и пристапноста. На пример, еден од предлозите на На точак за акција за спуштање на рабниците на сите булевари низ градот е во целост во линија со потребите на лицата со хендикеп и може да се третира и како заеднички со организациите кои ги застапуваат нивните права.
На точак од градоначалничката бараат велопријателски буџет на Скопје за 2022

Објавено на
часот
Сподели
Од иницијативата велат дека досега добиле вербална поддршка за идејата за пешачко и велосипедско Скопје од повеќето партии, но тие предлози мора да бидат преточени во буџетски ставки.
Наведените 11 предлози се целосно во согласност со веќе донесениот „План за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021″, донесен од Град Скопје уште во септември 2019 година.
Утре е гласањето за предлог буџетот на Град Скопје, а велосипедистите во 17.30 часот од плоштад Македонија ќе ја возат и последната „Критична маса” за годинава под слоганот „Милион желби, еден Велоград”. Никогаш целосно реализиран, желбата за Скопје Велоград, останува нивна желба и заложба и во наредната 2022 година, соопшти На точак.





