Бараката на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје во текот на ноќта изгоре во пожар. Целата документација на претпријатието е уништена.
Пожарникари се на местото и ги гасат остатоците од огнот. Изгорена е целата внатрешност на бараката.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=EMdwzrji0FY autoplay:0]Изгорени се и два автомобили што биле паркирани до бараката.

За среќа, нема жртви ни повредени, бидејќи пожарот ја опфатил бараката во текот на ноќта, кога во неа немало никого.
Причините за пожарот засега не се познати, но, како и обично, постојат многу шпекулации.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=LBib7f5xgd0 autoplay:0]










