
„Преку опејување на хитови од македонската народна и забавна музика ќе го разбудиме градот од попладневна дремка, а тоа ќе го направат учесниците Марио, Стефан, Ена, Матеј, Филип, Илини, Оли, Бети, Ники, Даре и Коста под водство на Билјана Димитрова. Дојдете, запејте, исклучете се од реалноста, вклучете се во стварноста на песните”, порачуваат од Здружението на лица со Даунов синдром „ТРИСОМИЈА 21”.
Хорот е создаден во заедничка соработка и менторство на Колектив Ветерница и е подржан од Град Скопје.
Концертот, како што е најавено, ќе започне во 18:30 часот на Плочник – Градски ѕид, потегот околу Соборен храм, зад Клуб на новинари.






