„На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа“, изјави Арсовска во обраќањето на втората седница на Советот, по неговото конституирање.
Градот Скопје, како што се наведува во соопштението уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.
Првичната сума за семејствата на загинатите изнесуваше два милиона денари.






