петок, 22 мај 2026

Еконовогодишна елка во Центар

Објавено на

часот

Сподели

Новогодишната елка, висока 5 метри, е изработена од повеќе од 500 употребени зелени пластични шишиња и ќе биде лоцирана во Дебар Маало кај кружниот тек во близина на Општината. Светлата на елката официјално ќе бидат вклучени попладнево во 16.30 часот.

Поставувањето на оваа елка е впечатлив начин да се истакне како пластиката може да се рециклира и да се искористи повторно.

Општина Центар преку проектот „И отпадот има вредност!“ е прва општина во регионот што одлучи на уникатен начин да ја развие еколошката свест на граѓаните и да им овозможи да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање пластични шишиња и лименки со цел да придонесат во намалувањето на количината на отпадот што завршува на депониите.

Во рамките на проектот, за една година рециклирани се повеќе од 300.000 ПET-пластични шишиња и лименки, издадени се над 3.000 грин пеи-картички и исплатени се над 300.000 денари субвенции од Општина Центар за сите граѓани што се вклучиле во процесот на рециклирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ