вторник, 26 мај 2026

Еко-свест: Забраната за употреба на пластични кеси ќе има позитивно влијание во заштитата на животната средина

Објавено на

часот

Сподели

„Ја поддржуваме одлуката да се преземат мерки за да се намали употребата на пластични кеси и очекуваме со правилно спроведување таа да има позитивно влијание врз намалувањето на отпад од пластика и микропластика. Исто така, со ваквата одлука, очекуваме да се овозможи и понатамошен развој на циркуларната економија, со што ќе се стимулира селекција на отпад кога ќе се создаде соодветна инфраструктура за тоа“, истакна Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест.

Сепак, ова е само првиот чекор во борбата со пластичното загадување, па очекуваме во блиска иднина да се пристапи и кон регулирање на другите производи од пластика за еднократна употреба, како цевки, чаши или прибор за јадење, велат од Еко-свест.

Истовремено, Еко-свест апелира до трговците и мрежата на супермаркети во своите продажни мрежи да стимулираат користење на хартиени кеси и платнени торби за повеќекратна употреба, а повикува и на доследно спроведување на забраната за употреба на пластика за еднократна употреба во националните паркови и заштитени подрачја која исто така стапува на сила од денес.

„Република Северна Македонија на патот кон целосно интегрирање кон Европската Унија мора целосно да ги спроведува и европските директиви и стандарди. Употребата на досегашните пластични кеси, за кои стандардот за биоразградливост е пропишан уште во 2013 година се големи загадувачи, тешко и многу долго се разградуваат и претставуваат опасност за целиот жив свет, затоа што ние немаме резервна планета“, се вели во соопштението на Еко-свест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ