петок, 22 мај 2026

Дуќанџиите од ГТЦ бараат струјомери и сметките да му ги плаќаат на лиценциран снабдувач

Објавено на

часот

Сподели

За сопствениците на деловен простор во ГТЦ нема никакво сомневање дека во откриениот скандал со „копањето“ биткоини кој ниту една државна институција не го истражува, всушност станува збор за класична кражба на електрична енергија чија цена на крајот „солидарно“ сите дуќанџии ја плаќале со помош на раководството на АД ГТЦ.

Откако Регулаторната комисија за енергетика отворено соопшти дека АД ГТЦ нема лиценца за продажба и дистрибуција на електрична енергија, а тоа го прави, Здружението на граѓани сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 Скопје од РКЕ официјално побараа некој да им стави струјомери.   

„Бараме Регулаторната комисија за енергетика да ни овозможи склучување на договори за снабдување со електрична енергија и топлинска енергија со лиценцирано правно лице со методологија за пресметка на електрична енергија одобрена од РКЕ.

Бараме да ни овозможите инсталирање броила за електрична енергија од лиценциран снабдувач со електрилчна и топлинска енергија и да имаме увид во истите како што е тоа озозможено и спроведено за сите потрошувачи во другите трговски центри во согласност со Законот за енергетика.

Бараме да постапите согласно Законот за енергетика член 206 каде што стои дека Регулаторна комисија за енергетика врши надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон што се однесуваат на обврските за сопственичко раздвојување на операторите на системите и пристапот на трета страна и привлекување на корисниците на соодветните системи и да постапите според член 207 од овој закон“, се вели во официјалното барање до РКЕ испратено на 29 ноември.

Повеќе од 500 локали немаат договори за снабдување со електрична и топлинска енергија и немаат струјомери.

Во однос на можната одговорност на раководството на АД ГТЦ од Владата велат дека нема да бара одговорност од директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски за случајот со машините за копање крипто валути, бидејќи согласно Статутот на ГТЦ, директорот одговара пред Собранието на акционери, а не пред Владата.

„Собранието на акционери на Акционерското друштво Градски трговски центар го избира Одборот на директори. Потоа Одборот на директори избира извршен директор на АД ГТЦ. На ваков начин се избира директор на ГТЦ, затоа што станува збор за акционерско друштво во коешто доминантен сопственик е Јавното претпријатие за стопанисување со деловен простор“, велат од Владата.

МВР по запрената полициска акција на 16 ноември соопшти дека броилата се во приватна сопственост и дека не е утврдена каква било кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик.

Во магацините на Елвис Бајрам во ГТЦ, кои тогаш експресно беа испразнети, нема броило и своја струја, туку се плаќа само за сијалично осветлување кое е дел од надоместокот за закупот.

Во тек е и ревизија на работата на АД ГТЦ од страна на Државниот завод за ревизија.

Пред една недела во магацините каде што беа сместени „риговите“ за „копање“ на крипто валути се вршепше малтерисување на просториите и се покриваа сите дупки отворени за вентилација.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ