петок, 22 мај 2026

Директорот на Агенцијата за одземен имот го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да учествува на лицитацијата за „Славија“

Објавено на

часот

Сподели

„Ние продаваме акции од АД „Славија“, не продаваме имот. Вредноста на една акција денеска е 51 евро. Се работи за лицитација и не знаеме која вредност може да достигне акцијата по лицитацијата. Имотот на „Славија“ во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше продаван на парче, зад затворени врати и тајно, по ниски цени, а атрактивни локации. За разлика од тогаш денешната наша постапка е транспарентна. На пример, дел од тие локации денеска се во сопственост на „Тинекс“ и други компании. Сега се продава тоа што останало со сиот наследен багаж, со наследени долгови. Го повикувам лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се јави на лицитацијата и да го преземе акционерското друштво заедно со обврските“, изјави Асани.

На новинарски прашања, Асани појаснуваше дека последна проценка на имотот е направена во 2012 година, дека во тек е нова проценка.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека само управната зграда на „Славија“ во скопската општина Гази Баба денеска сигурно вреди околу девет милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ