недела, 17 мај 2026

Денеска жителите на „Јака“ со автомобили ќе го „будат“ градоначалникот на Илинден

Објавено на

часот

Сподели

Протестот ќе почне од населбата „Јака“, а ќе заврши пред зградата на Општина Илинден.

Со свирежите од автомобилите, жителите на „Јака“ симболично ќе се обидат да го разбудат градоначалникот Жика Стојановски од „зимскиот сон“ кој му трае веќе 9 години, во кои цело време има мандат, но не реши ниту еден главен инфраструктурен проблем во населбата, ниту некогош дојде лично да ги виде условите за живот, велат жителите.

Протестот трае веќе цел месец, а градоначалникот Стојановски ниту еднаш не излезе да им се обрати на жителите на „Јака“.

„Јака“ е нова населба во Општина Илинден, за која беше најавено дека ќе биде елитна, а се уште се живее со септички јами, во кал до колена, неосветлени и необележани улици, без јавен превоз до населбата, без превоз за децата кои одат во училиште…  

Протестот ќе продолжи и во иднина, преку акции соодветни на ситуацијата и односот на локалната власт кон жителите на „Јака“, најавуваат жителите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ