„За нас ова дефиле не е само возење, туку начин да покажеме дека како заедница можеме да застанеме зад децата и младите на кои им е потребна поддршка. Секое дете заслужува да почувствува дека некој е тука за него“, порачаа од Мото клубот „Вепар“ за МИА.

Учесниците со заедничко возење испратија порака за солидарност, заедништво и грижа кон децата и младите, особено кон оние без родителска грижа и од ранливи категории.
Од организаторите информираат дека целта на настанот е подигнување на јавната свест за значењето на семејството и потребата од континуирана поддршка на децата и младите.
Од Мото клуб „Вепар“ потенцираат дека и во иднина ќе продолжат со вакви активности кои имаат хуманитарен карактер и придонесуваат кон зајакнување на заедницата.
MИА






