недела, 17 мај 2026

Каква приказна: Клуб од град со 13.000 жители ќе игра во Бундеслигата

Фудбалскиот клуб Елферсберг 07 испиша клупска историја и за првпат ќе игра во Бундеслигата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за клуб кој постои повеќе од еден век, поточно од 1907 година. Сепак, тие никогаш не биле дел од елитата на германскиот фудбал. Интересно е дека тие за првпат заиграа и во Втората Бундеслига пред три години, во сезоната 2023/24, па сега го продолжуваат својот напредок.

Елферсберг е клуб кој доаѓа од малиот германски град Шписен-Елферсберг кој има само 13.080 жители и своите натпревари ги игра на стадионот „Урсафарм Арена“ кој има 10.000 седишта.

Со победата против Минстер во последното коло од второлигашката конкуренција кај Германците од 3-0, овој клуб си го обезбеди второто место. По крајот на натпреварот навивачите го преплавија теренот и лудо го прославија триумфот на нивните миленици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ