петок, 22 мај 2026

Денеска и утре на плоштад Македонија во Скопје Фестивал на италијанска храна

Објавено на

часот

Сподели

Фестивалот го организира Амбасадата на Република Италија и Italian Trade Agency Skopje (ИТА) во рамки на одбележување 6-та Недела на италијанска кујна во светот, а настанот ќе го отвори италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри.

Настанот ќе се одржи на отворено, а ќе понуди богата и забавна програма, промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки. Предвидена е лотарија за посетителите кои ќе купат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите на настанот. 

Посетителите денеска во период од 15 до 17 часот, ќе имаат можност да уживаат во музичко патување низ најубавите и најромантични предели на Италија со Павле Камилоски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ