Дали Алтернатива треба да остане во власта, зависи од овие две работи, изјавува деновиве Реџепи по сè поизвесниот одговор од Брисел за повторно одложување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Ако ова не се случи, во јануари ќе побарам партијата да ја преиспита одлуката за влегување во коалиција со СДСМ и ДУИ, тврди пратеникот на Алтернатива.
Од друга страна, пак, официјалниот став на Алтернатива е дека остануваат на принципите поради кои одлучија да станат дел од владејачкото мнозинство во Собранието.
Според последните информации од Брисел, јасно е дека и новата бугарска влада останува на ставот за блокада на Македонија, па одлуката за почеток на преговорите за членство во ЕУ за Македонија и Албанија ќе биде одложена, а веќе се споменува новиот рок, а тоа е јуни 2022.






