четврток, 7 мај 2026

Полицијата потврди, дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

Секторот за внатрешни работи-Штип потврди дека во стан во Штип е пронајдена 20 годишна државјанка на Република Турција. Во соопштението од СВР-Штип се вели дека денеска во околу 15 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено почината женско лице. Полициските службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за 20 годишната У.Е од Турција.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Увид врши екипа на СВР штип и се преземаат мерки за расчистувањето на случајот.

МИА претходно објави дека пожарникарите од ТППЕ-Штип биле повикани да интервенираат и да влезат во станот преку врата на балконот, бидејќи станот имал блиндирана врата. Според првичните информации, лекарите и медицинскиот тим од Итната медицинска помош констатирале смрт, но не можат да утврдат дали станува збор за насилна смрт. Телото е предадено на обдукција во Клиничката болница-Штип, по што ќе се утврдат причините за смртта на турската студентка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ