Оваа информација ја потврди официјалниот претставник на Хамас, Басим Наим.
Тој е четвртиот син на протераниот лидер на Хамас кој е убиен во израелските напади. Халил ал-Хаја, кој има седум деца, преживеал повеќе обиди за атентат од страна на Израел.
Еден од нападите се случи минатата година во главниот град на Катар, Доха, кога цел беше раководството на Хамас. Во тој напад загина еден од неговите синови, додека Халил ал-Хаја, главниот преговарач на Хамас со Израел, преживеа.
Двајца други синови беа убиени во претходните израелски напади врз Газа, во 2008 и 2014 година, објави Ал џезира.






