четврток, 7 мај 2026

Инстаграм бришеше лажни профили, Роналдо и Меси загубија милиони следбеници

Кристијано Роналдо и Лионел Меси се двајцата со најмногу Инстаграм следбеници, нивното влијание надминува спортски рамки, но дел од оние кои ги следеле биле само ботови.

Објавено на

часот

Сподели

„Мета“ започна со масовоно бришење на ботови, неактивни профили и налози за кои е утврдено дека функционираат по шаблони на вештачка интелигенција.

„Отстрануваме профили кои ги прекршуваат нашите правила со цел да овозможиме поавтентична интеракција“, соопштија од компанијата.

Во таа „голема чистка“ значителен пад на следбениците забележаа и Роналдо и Меси. Португалецот остана без осум милиони следбеници и сега има 666 милиони на својот профил, додека Аргентинецот изгуби 4,8 милиони и моментно има околу 507 милиони следбеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ